Вицепремиерот на Бугарија – Асен Василев во изјава за „БТВ“ вели „Нема да го укинеме ветото за С. Македонија“
Тој ја поддржува идејата на премиерот Кирил Петков во неговото барање претседателот Румен Радев да го свика Советот за безбедност на кој ќе присуствуваат сите политички лидери и раководители на служби и да го потврди ставот на Бугарија.
„Нашиот став останува непроменет. Инсистираме на почитување на договорот“ – рече Василев.
И Бугарија бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска постојано уверува дека земјата нема да отстапи се додека бугарската позиција не биде прифатена од Скопје.