
Филков говори за ревидирање на Бадентерот заради политички поени, смета Дурмиши
-Но, едно нешто што треба јасно да го знае е дека Бадентеровиот принцип е уставна категорија и еден од главните столбови на Охридскиот договор, кој го гарантираше соживотот на граѓаните и сите етникуми во Северна Македонија. Бадентер не е нечија сопственост, тој ја гарантира еднаквоста на сите заедници во земјата, истакна Дурмиши.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вели оти не знае со каква намера неговиот колега Игор Филков излегол со став за ревидирање на Бадентерот, но, според него, Филков тоа го направил за политички поени пред локалните избори.
-Не знам каква беше намерата и која беше причината што министерот зборуваше за преиспитување на Бадентер. Мислам дека го кажа тоа за политички поени, за дневна политика, мисли дека ќе покрене некое големо прашање пред изборите.
-Но, едно нешто што треба јасно да го знае е дека Бадентеровиот принцип е уставна категорија и еден од главните столбови на Охридскиот договор, кој го гарантираше соживотот на граѓаните и сите етникуми во Северна Македонија. Бадентер не е нечија сопственост, тој ја гарантира еднаквоста на сите заедници во земјата, истакна Дурмиши.
Инаку, Дурмиши е кадар на ВЛЕН, а Филков доаѓа од ЗНАМ.
Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон, стратегијата е да се демонтира Охридскиот договор