Паркинг просторот за 120 возила ќе го олесни пристапот до Музејот на Македонија и Старата чаршија, најавуваат Меџити и Љутков

Посетителите и вработените во Музејот на Македонија и Националниот конзерваторскиот центар, како и еснафот на Старата скопска чаршија, за 10 дена ќе добијат паркинг простор за 120 возила.

Посетителите и вработените во Музејот на Македонија и Националниот конзерваторскиот центар, како и еснафот на Старата скопска чаршија, за 10 дена ќе добијат паркинг простор за 120 возила.

Ова денеска го најавија првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Националниот Музејот во Старата чаршија.

-Започнуваме еден многу значен проект за понатамошен развој на чаршијата. Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг кој има капацитет за околу 60 возила и се наоѓа тука под Конзерваторскиот центар и Музејот на Македонија. Дополнително ќе се исчисти и уреди отворениот простор за паркирање со капацитет за уште 60 возила. Во рокот од 10 дена паркингот ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот на Чаршијата и вработените во двете институции. Со овој денешен чекор целиме да ја оживееме чаршијата, да го подобриме пристапот и да привлечеме повеќе туристи и посетители, истакна Меџити.

Вицепремиерот информираше дека во тек е постапка за избор на фирма за изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“ кој предвидува простор за 400 возила, за кој Владата има донесено одлука за одобрување средства од 25 милиони евра.

Според министерот Љутков, потребата за паркинг простор во овој дел од градот е реална со оглед на зголемениот број туристи.

– Во текот на годината, видовме дека бројот на туристи е на вистина многу зголемен. Реално се појавува потребата за поголем број на паркинг места. Како што каже и вицепремиерот, овој дел од Чаршијата, заедно со Музеј на Македонија, заедно со Националниот конзерваторски центар и калето, ќе заокружиме една приказна која ќе биде многу важна за туристите на градот Скопје, нагласи Љутков.