Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон, стратегијата е да се демонтира Охридскиот договор

-Шокантно е молчењето на ВЛЕН кон таква опасна акција, кон отворање на оваа опасна дебата и останувањето во скутот на ВМРО и покрај фактот дека се гледа дека постои план за демонтирање на Охридскиот договор, вели Османи и додава дека Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата.

„„Не мислам дека изјавата на премиерот е лапсус или случајност. Мислам дека тоа е стратегија на премиерот, кој им наредува на министрите да даваат изјави како пробен балон, да го нормализираат како тема, а потоа излегува со празни негирања. Тоа е дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот договор.

-Шокантно е молчењето на ВЛЕН кон таква опасна акција, кон отворање на оваа опасна дебата и останувањето во скутот на ВМРО и покрај фактот дека се гледа дека постои план за демонтирање на Охридскиот договор, вели Османи и додава дека Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата.

-Оваа акција не најде обединети, како што сме денес, но ќе не најде обединети и во превенцијата. Ги повикувам и Македонците, Турците, Ромите и Бошњаците да не дозволат клептократска влада, облечена во маската на национализмот, да презема акции што ќе го загрозат мирот, стабилноста и европската перспектива на нејзините граѓани. Нема да дозволиме Охридскиот договор да биде допрен“, вели кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи.

„Тоа е во директна спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, кој го смета доведувањето во прашање на Охридскиот договор за антиамерикански интерес. И оваа изјава, која мислам дека е наредена од Советот на министри затоа што министерот не може сам да даде изјава. Нарачана е од премиерот, за потоа да може да излезе и да ја негира, но да се разговараа за темава и да се нормализира, како што беше со балансерот, со албанскиот јазик, со непочитувањето на волјата на граѓаните, да се излезе полека, да се донесе одлука преку ноќ, тоа не поминува“, посочува Османи и додава:

„Националната Алијанса за Интеграција беше формирана за оваа цел. Затоа, претстојните избори не се само локални избори, тие се референдум, за да се зачува еднаквоста, Охридскиот договор, европската перспектива, и нема да дозволиме да станеме мајоризирано малцинство како што беше пред 2001 година“.