
Стивен Тропи нов директор на академијата на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед го назначи Стивен Тропи за нов директор на клупската академија, објави денеска премиерлигашот од „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед го назначи Стивен Тропи за нов директор на клупската академија, објави денеска премиерлигашот од „Олд Трафорд“.
Клубот на својата официјална веб-страница наведе дека Тропи ќе ги води сите сегменти од младинскиот оддел и развојот на млади играчи.
Тропи доаѓа од Брентфорд, каде што беше задолжен за обнова на младинскиот систем.
Тропи поседува речиси дводецениско искуство во работата со елитни академии, а претходно ја водеше младинската програма на Манчестер Сити во сите возрасни категории, како и развојот на најмладите во Ливерпул.
„По обемниот процес на селекција, со задоволство го назначивме Стивен во време кога нашата академија се соочува со возбудлив период. Неговата работа на развојот на млади играчи е исклучителна, а во текот на неговата кариера одигра значајна улога во афирмацијата на многу таленти“, рече директорот за фудбал на Јунајтед, Џејсон Вилкокс.
Тропи ќе ја преземе новата должност во следните неколку месеци, додека сегашниот раководител на академијата, Ник Кокс, ќе остане на функцијата за време на преодниот период, пред да се пресели во Евертон како технички директор.