
По укажувањата на д-р Кедев, комисија со тројца странски експерти ќе проверува дали имало непотребни операции за профит
- Заклучивме како Министерство за здравство да направиме комисија за стручен надзор што ќе се состои од експерти од странство. Кога велиме експерти од странство, сакав таа комисија да биде навистина независна и тој извештај од таа независна комисија да ни е патоказ за понатаму, ако има такви индиции - се потврдуваат истите, да може да се отстранат, подвлече Алиу.
Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.
-Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15-ти наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите постоечки информации што се таму во нивните институции. Ова е право на државата. Бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа, ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин на нашата Република – изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање колку итни се контролите што ги најави МЗ, дали ќе го знаеме составот на тие тимови и колку ќе биде транспарентен целиот процес за јавноста по изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања.
Тој, како што пренесува МИА, појасни дека веднаш по изјавата на професорот Кедев, била креирана интерна комисија во Министерството за здравство, сè со цел да ги анализираат сите можни протоколи и индиции што произлегле од таа изјава.
– И заклучивме како Министерство за здравство да направиме комисија за стручен надзор што ќе се состои од експерти од странство. Кога велиме експерти од странство, сакав таа комисија да биде навистина независна и тој извештај од таа независна комисија да ни е патоказ за понатаму, ако има такви индиции – се потврдуваат истите, да може да се отстранат – подвлече Алиу.
На прашање дали би се соочиле со некакви реперкусии приватните установи, доколку се потврдат информациите на кардиологот Кедев, министерот рече дека кога ќе биде готов извештајот на експертите, „тој ќе биде добар патоказ за што понатаму, дали ќе треба да се измене некој закон, дали ќе треба да се направи некој друг стандард, некој друг протокол за здравствената патека“.
– Сега, засега, не би можел да одговорам. Но, можам да ве уверам дека тој извештај ќе биде јавен и од тој извештај ќе произлезат активности поврзани со Министерството за здравство – нагласи Алиу.
Тој кажа дека стручната комисија ќе биде со експерти коишто нема да бидат од земјите од соседството. Единствена дилема на правната служба кај нив била, вели, како може да се платат и дали може да се платат тие експерти, бидејќи сме во предизборен период.
– Ако не е возможно од Министерството за здравство, ние ќе бараме помош и веќе тоа како опција го почнавме, со надворешни институции со кои соработуваме. Како и да е, оваа процедура ќе мора да оди по брза постапка – додаде Алиу.
Систина се закани, Кедев возврати: Тужбата е шанса да се расчисти состојбата во приватното здравство