ФЗО: Во последните четири години немало претставки за непотребни медицински интервенции

Реакцијата на ФЗО следи откако неодамна кардиологот Сашко Кедев во гостување на Канал 77, рече дека во приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел стекнување поголем профит.

Фондот за здравство по јавно изнесените тврдења за наводни непотребни медицински интервенции во приватните болници се јави со реакција.

-Во рамки на своите законски надлежности, ФЗО врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел да обезбеди здравствените услуги да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Во сите установи се вршат редовни годишни контроли, а Фондот постапува и по поднесени претставки на пациенти или по сопствен наод, велат од ФЗО.

Од Фондот потенцираат дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, додека по сопствен наод Фондот има извршено девет контроли за приватно наплатени средства.

-Сепак, ФЗО нема законска надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи, додаваат од Фондот.

Реакцијата на ФЗО следи откако неодамна кардиологот Сашко Кедев во гостување на Канал 77, рече дека во приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел стекнување поголем профит.

Систина се закани, Кедев возврати: Тужбата е шанса да се расчисти состојбата во приватното здравство