„Сме учеле од авторитети од кои можело да се научи, да се добие таа смиреност која се помалку и помалку ја има. Ми се случува да седам во фотелја и да пропаднам од срам, има агресија, тензичност, непочитување на јазикот и говорот. Талентот е од горе, труд и амбиција, три многу важни компоненти за секој човек, за секоја професија. Амбицијата мора да биде здрава“ – вели презентерката Лиле Крстева во Трилинг.
Крстева за денешните спикери вели „една земја која претендира да се мери со културните вредности во светот, мора многу да влијае врз културата на говорот, чиста и јасна артикулација, со спознавање на нормативниот говорен јазик, треба секој човек да го знае говорниот нормиран македонски јазик. Ако отстапуваме од тоа – какви луѓе сме ние“.
„Многу ретко се обраќаат за помош, јас се уште можам да едуцирам кадри“ вели таа.