Ненад Периш – таткото на починатиот хрватски државјанин Матеј Периш (27) кој по 5-месечна потрага беше пронајден мртов во водите на Дунав денеска пред црквата во Белград, каде се собраа голем број граѓани да му оддадат почит на починатиот, изрази брагодарност со српските власти, но и до сите инволвирани.
„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син таму го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу, низ овие 139 дена чувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и се што му треба на мажот во тие моменти.
Би сакал да му се заблагодарам и на МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше, пред сѐ, човечки, а потоа професионален, таков каков што требаше да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите.
Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР, тие завршија одлична работа. Тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам на Министерството на БиХ од МВР, тие учествуваа на почетокот.
Благодарам на секој човек, без разлика дали е верник или не.
Ви благодарам на сите вас новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите особено. Мислам дека покажавте дека сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка. Благодарам на моите католички свештеници, но и на патријархот Порфириј, се надевам дека ќе дојде сега со неговите епископи и сите православни верници кои отворено се молеа за Матеј.
Благодарам на секој човек во Белград, без разлика дали е верник или не, што беше со мене, повикувајќи го Бога да ми даде сила да издржам.
Дојдовме до крајот. Денеска си одам дома со син ми, вртам нова страница од мојот живот. Ќе биде проткаено со спомени од Белград, неизмерна тага, мојот крст на грбот. Но, после сѐ, мислам дека ќе бидам подобар човек“ – рече Ненад Периш.