Поранешниот министер за внатершни работи, универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски – новиот амбасадор и постојан претставник на Македонија во Обединетите Нации му ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш.
Фрчкоски го информирал Гутереш за стратешките приоритети во надворешната политика на Македонија и моментната состојба околу интегративниот процес на земјата во Европската Унија, особено по потпишување на Договорот од Преспа.
Гутереш оддал признание за подготвеноста и покажаната политичка волја на македонската Влада за решавање на најкомплицираните и најсензитивни билатерални проблеми низ дијалог и компромис. Тој го истакнал и досегашниот придонес на земјата како активен субјект во работата на ОН и степенот на остварената соработка со телата, органите и агенциите на организацијата.