Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп

Според ЦУК, повторно е активен пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација. И натаму се активни пожарите во општина Василево, во с.Нивичино, со зафатена нискостеблеста шума, во Македонски Брод, во с.Грешница, мешана шума и ниска вегетација, помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, како и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, со зафатена мешана шума и ниска вегетација.

Активни се пет пожари  на отворен простор заклучно со осум часот изутрина од вкупно 29  во изминатото деноноќие. Два се од контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, повторно е активен  пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација. И натаму се активни пожарите во општина Василево, во с.Нивичино, со зафатена нискостеблеста шума, во Македонски Брод,  во с.Грешница, мешана шума и ниска вегетација, помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, како и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, со зафатена мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Македонски Брод, с.Слатина, каде горат смрека, сува трева и друга ниска вегетација и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, мешана нискостеблеста деградирана шума.