Олаф Шолц – канцеларот на Германија не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација.
Според него нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно крајот на конфликтот да биде „што е можно поскоро”.
„Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија – што и го правиме тоа“ рече Шолц.
Подвлече дека нема да донесе одлука, што би довела до директен конфликт меѓу НАТО и Русија.