Бугарска ВМРО-БНД не дозволи да има предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство за кој велат дека е македонистички настан, јавува „БГНЕС“.
Предавањето било предвидно да се одржи во Централниот воен клуб, а на него требало да говорат поранешниот премиер – Љубчо Георгиевски и доц. д-р Стефан Дечев.
Поддржувачите на ВМРО-БНД, предвоени од Ангел Џамбазки, решија да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“.
Влегле во Централниот воен клуб, и покрај обидите на организаторите кои одбивале да ги примат.
Еден од организаторите излегол на говорницата и најавил дека предавањето нема да се одржи.