Кривичен: Граѓаните електронски да аплицираат за потврди за неосудуваност, така ќе ги добијат за еден ден

Основниот кривичен суд Скопје ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за издавање на потврда или уверение од казнена или кривична евиденција, како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност, заклучно со петок, 11 јули 2025 година, дека тие веќе им се изготвени и можат да си ги подигнат.

„В. Д. претседателката изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која заради зголемениот број на барања се чекаше подолг период“, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот уште еднаш апелира до сите граѓани да ја користат електронската апликација за издавање на овие документи, преку порталот uslugi.gov.mk, кои на овој начин можат да ги добијат за еден ден.