Маск не го поддржува спојувањето на двете негови компании Тесла и хАИ

На социјалната мрежа X, сметката @BullStreetBets_ им постави на инвеститорите во Тесла отворено прашање дали го поддржуваат спојувањето помеѓу Tesla и xAI. На што Маск одговори: „Не“.

Илон Маск изјави дека не го поддржува спојувањето на неговата компанија за вештачка интелигенција xAI со производителот на електрични возила Тесла(Tesla), додека се зголемуваат прашањата за идниот однос на двете компании.

На социјалната мрежа X, сметката @BullStreetBets_ им постави на инвеститорите во Тесла отворено прашање дали го поддржуваат спојувањето помеѓу Tesla и xAI. На што Маск одговори: „Не“.

Објавата доаѓа во време кога технолошкиот милијардер размислува за идниот однос помеѓу многуте негови компании.

Преку ноќ, Маск објави дека Тесла во одреден момент ќе одржи гласање на акционерите за тоа дали компанијата треба да инвестира во xAI, компанијата зад контроверзниот чет-бот со вештачка интелигенција Грок (Grok).

Минатата година, Маск спроведе анкета меѓу своите следбеници на платформата X, прашувајќи ги дали Тесла треба да инвестира пет милијарди долари во xAI, на што  мнозинството гласаше „за“.

Маск веќе некое време се обидува да ги поврзе своите компании во бизнисот. Во март, објави дека xAI и социјалната мрежа X се спојуваат во договор што ја процени xAI на 80 милијарди долари, а X на 33 милијарди долари.

Минатата недела, Маск објави и дека четботот Grok ќе биде достапен во возилата на Тесла.