Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат
Фудбалскиот клуб Барселона беше еден од ретките врвни клубови од Европа (заедно со Ливерпул) што не учествуваше на Свесткото клупско првенство. Во мирна атмосфера шпанскиот првак се подготвува за стартот на новата сезона.

Но, не е се идеално особено што клубот сака да „се ослободи“ од некои играчи. Ансу Фати веќе го напушти клубот, пред заминување е и Пабло Торе, додека голманот Марк Тер Штеген знае дека на него нема да се смета следната сезона.
Од управата на клубот сакаат да се ослободат и од еден од штоперите, но ниту еден од нив не сака трансфер. Роналд Араухо има договор до 2031 година и има одиграно 175 натпревари, додека Андреас Кристенсен има уште една година договор и 80 натпревари за Барселона.
Проблемот за Барселона е тоа што ниту еден од нив двајцата не сакаат да го напуштат клубот, а уште поинтересно е што и двајцата се вратија за да се подготвуваат и пред официјалниот старт на подготовките и се подготвени да се борат за место во тимот за новата сезона.