Бугарија ни врши притисок како Русија врз Украина, смета премиерот

„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.

Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас дека ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија.

Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.

„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.

Според него, ЕУ го губи имиџот со Бугарија, поради однесувањето кое го има источниот сосед.