Стејт департментот ја потврди смртта на американски државјанин на Западниот Брег

Палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на локалното Министерство за здравство, објави дека Мусалат, на возраст од 20 години, починал откако вчера бил претепан од доселеници во напад врз град северно од Рамала. Во нападот биле повредени уште 10 лица.

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека е запознаен со смртта на американскиот државјанин Саиф ал-Дин Камел Абдул Карим Мусалат на окупираниот Западен Брег, по извештаите за фатален напад од страна на еврејски доселеници врз палестински Американец.

Палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на локалното Министерство за здравство, објави дека Мусалат, на возраст од 20 години, починал откако вчера бил претепан од доселеници во напад врз град северно од Рамала. Во нападот биле повредени уште 10 лица.

Во областа е пронајдено уште едно мртво лице, изјави палестински извор од медицинските кругови, но нема потврда од палестинското Министерство за здравство.

Вашингтон пост објави изјава од роднини на Мусалат, од Тампа, Флорида, дека бил претепан до смрт од страна на израелски доселеници.

„Свесни сме за смртта на американски државјанин на Западниот Брег“, изјави портпарол на Стејт департментот, додавајќи дека, „почитувајќи ја приватноста на семејствата и најблиските“, одделот нема понатамошен коментар.

Израелската војска соопшти дека истражува инцидент во градот Синџила во кој избувнаа судири меѓу Палестинците и доселениците откако Палестинците фрлаа камења кон Израелците, при што неколкумина беа повредени.

Според групите за човекови права, насилството меѓу доселениците на Западниот Брег се зголеми по нападот врз Израел од октомври 2023 година од страна на палестинскиот исламистички Хамас и војната што следеше во Појасот Газа.