Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk.

„На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите, повторно ја направивме достапна електронската апликација за закажување термин за лична карта, пасош, возачка дозвола,“ објави министерот Стефан Андоновски на Фејсбук.

Тој додава дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација.