Данела со ново обраќање: Смислиле ново сценарио, да ме обвинат за пожарите

-Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата “шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК”. Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна, ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И, со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од “сигурни” разузнавачки извори. Срам имате ли, заедно со вашите сакани команданти од ОВК?- напиша денес Арсовска.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагираше утрово на обидите од власта неа да ја посочат како виновна за нападот што го доживеа вчера додека покажуваше на терен како се толерира градење дивоградби во Чаир. Повод беше интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сугерираше дека треба да се почека со заклучоци- за да не испадне дека тој што тврди дека е напаѓат прв нападнал.

-Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата “шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК”. Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна, ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И, со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од “сигурни” разузнавачки извори. Срам имате ли, заедно со вашите сакани команданти од ОВК?- напиша денес Арсовска.

Таа претходно го објави видеото на кое се гледа како сопственикот на дивоградбата тргнува кон неа за да ја нападне и дека има полиција додека се случува тоа.

„Се чувствував како во Бејрут, се создаде толпа во Чаир затоа што видоа дека никој не нѐ штити, со нас имавме само двајца полицајци, а таму се насобраа многу луѓе. Еден се закануваше дека ќе фрли столица, изјави градоначалничката на Инфомакс . Таа низ солзи упати прашање до министерот Панче Тошковски дали има срам и образ.

„Го гледав Тошковски денеска, имаш ли бре човеку срам? Тоа траеше околу еден час, бевме како во Бејрут, чекаме со часови интервентна полиција да дојде да не извади од Чаир. Ми се закануваат по животот на детето, по мојот живот. Имате должност да ги заштитите сите граѓани“, нагласи Арсовска која додаде дека три или четири часа била во болница заедно со останатите од екипата на Град Скопје кои исто така беа нападнати.

Таа потсети дека три години пријавува дивоградби, никој не постапува, а пред неколку месеци почнале и заканите од Висар Ганиу.

„ Тоа е комплет дивоградба, треба да платат 100.000 евра комуналии како и 150-те згради на Висар Ганиу што немаат платено. Има незаконски приклучок на вода и струја, им го поткопале тротоарот на комшиите, може да падне цел бетонски столб и ископано е под тротоарот. Нам ни пријавија соседи таму, се што е на булеварот е надлежност на Град Скопје. Пред некое време пријавивме во МВР, луѓето пак пријавија вчера, има плоча, темели, има втор-трет спрат. Луѓето сакаат да се постапи, некој да ги заштити“, објасни Арсовска која истакна дека по барање на вработените во Град Скопје излегла на терен заедно со нив.

Според Арсовска МВР му дозволува да гради, бидејќи се е уредно пријавено во МВР, а градбата е карши самата полициска станица.

„ Кога пристигнавме таму пратиле едно момче 25-6 години кое почна да урла дека имал право да гради, пет фамилии ќе живееле таму, имале право да градат. Јас му реков дека не требало него да го пуштат, имаат право да градат ако си платат комуналии и во тој момент ме напаѓа командантот на УЧК“, објасни Арсовска.

За видеата кои беа објавени на одредени медиуми градоначалничката вели дека двете снимки се службено прибавени од МВР, што значи дека некој од МВР ги испратил снимките до медиумите.

Истиот човек ми се закануваше на Фејсбук од пред 6 дена, јавно е објавен, вели Арсовска.

Нападот врз Данела Арсовска предизвика многу реакции со осуда за инцидентот.

Остри реакции за нападот врз Арсовска: Зошто постои МВР?