
Арсовска објави снимка од тепањето во Чаир: Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на Фејсбук објави видео за кое тврди дека е целосно од нападот кој денеска го доживеа во Чаир. Објаснува дека мажот прво ја удира, а дури потоа таа го удира со нога за да се одбрани.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска на Фејсбук објави фотографија на која тврди дека се наоѓа лицето што ја нападнало денеска во Чаир, за време на увид при изградба на дивоградба.
„Првото лице од десно е лицето што физички ме нападна денес, да постапеа по заканите кога го објавив денес немаше со намера смислено да доаѓа и да ме удира“, напиша Арсовска под фотографијата, додавајќи дека лицето се вика Сулејман Љамалари.
Во меѓувреме, протече видео од МВР испратено до медиуми што го објавија со содржина дека видеото покажува оти Арсовска го започнала нападот односно дека таа била тепачот а на видеото има напишано и сугерирачки коментар „Арсовска разбличена“.
„Јас го напаѓам него или тој мене? Јас се движам кон него или тој кон мене?Се враќам чекор назад и се бранам. Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК!“, изреагира Данела на фејсбук по објавеното полициско видео кое како што напишаа медиуми блиски до МВР „ПРОТЕЧЕ ВИДЕО ОД НАДЗОРНИТЕ КАМЕРИ“.
Инцидентот наиде на осуди и барање одговорните да бидат казнети.
(Видео) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир