(Видео) Ќура: Бизнисмените знаат како се гради – ќе ја водам Струга со јасна економска визија

🔴 Менди Ќура, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Струга, ја постави својата кандидатура како предизвик да донесе промени и развој во градот. Тој истакнува дека Струга има голем потенцијал, но се соочува со сериозни економски предизвици, особено недостаток на работна сила и високи придонеси кои го оптоваруваат бизнис секторот. Ќура предлага конкретни мерки за стимулирање на вработувањето и економскиот раст, вклучително и зголемување на минималната плата и поедноставување на административните процедури, со цел да го подобри квалитетот на живот и да го задржи младото население.

Менди Ќура, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Струга, ја постави својата кандидатура како предизвик да донесе промени и развој во градот. Тој истакнува дека Струга има голем потенцијал, но се соочува со сериозни економски предизвици, особено недостаток на работна сила и високи придонеси кои го оптоваруваат бизнис секторот. Ќура предлага конкретни мерки за стимулирање на вработувањето и економскиот раст, вклучително и зголемување на минималната плата и поедноставување на административните процедури, со цел да го подобри квалитетот на живот и да го задржи младото население.

„Мене многу елементи, чинители ме натераа да се кандидирам. За тоа мислам повеќе месеци по предлог на пријатели, на бизнис заедницата на културните здруженија, на спортот, заради тоа што гледам дека Струга мора и има капацитет да се смени и се решив наредните четири години да ги подарам за Струга и да направам нешто ново што не е направено досега, вели Менди Ќура претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Струга.

Фото: Трилинг / Менди Ќура

За тоа дали може еден независен кандидат да победи во ситуација на две, во најмала рака, големи влијателни партии од албанскиот блок, Ќура вели дека тој како независен кандидат е свесен дека за да победи мора да ги собере гласовите од сите политички партии или пак од нивни симпатизери.

„Затоа сум независен кандидат. Ќе ги барам гласовите и од ДУИ и од ВЛЕН, и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Сакам поинаква порака да дадам. Една порака без предрасуди, друга кампања, кампања која ќе мисли само за иднината, со проекти, со сите можни елементи за подобра Струга. Со минатото нема многу да се занимавам. За минатото знаат граѓаните, јас ќе барам поддршка за иднината на Струга. Ги проектирам плановите кои се многу амбициозни и реални и мислам дека граѓаните овој пат ќе изберат еден поинаков кандидат. Значи не мора да е политичар. Не само политичарите управуваат со градот, со институции, можат и бизнисмените. Јас сум го докажал тоа. Ако сакаат граѓаните прогрес ќе ме гласаат мене, ако сакаат да ги поддржат политичарите тогаш нека ги поддржат, што јас не верувам, вели Ќура.

Говорејќи за сегашните економски прилики и нивното менаџирање, Ќура смета дека еден од проблемите е што Македонија во моментов се соочува со дефицит на работна силата.

„Ние како Комора веќе имаме преземено некои мерки во делот на минималната плата. Ние сме прва Комора што предложивме минималната плата да се покачи на 500 евра. Влада може нема средства за нивните, административните работници, но ние збориме за бизнис секторот кај што има средства, но ние бараме придонесите да се намалат затоа што се многу високи. Во тој дел сакаме, ако се прифати нашиот предлог ако се намали придонесот а така и работната сила ќе се формализира преку плаќање на придонеси и од другиот дел микро и малите компании со двајца или тројца вработени поради високи придонеси се на некој начин принудени да не ги пријавуваат работниците или пак истите да бидат на минимална плата. Затоа сакаме да се стимулираат работниците, да имаат повисока плата да ги задржиме тука. Бараме и да се увезува работна сила, да се редуцира административната документација бидејќи е многу комплицирана.

-Имаме и информации дека на нашиот пазар на труд веќе се бараат 20.000 работници.

Целото интервју со Менди Ќура претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Струга погледнете го во видеото.