
(Видео) Во Трилинг со Јовева, Боцевски, Цветановски, Ќура и Фидановски
Во „Трилинг“ ќе гледате интервјуа со словенечката европратеничка Ирена Јовева, поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски, режисерот Гоце Цветановски, Менди Ќура претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Кристијан Фидановски доктор на науки по демографија.
Неделава усвоен извештајот за Македонија во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет. Реакциите во официјална Софија и Скопје се типични за балканската политичка патетика. Можно е да се забрефтува нова антидржавна, но и антиевропска реторика, допадлива, веројатно, за домашното избирачко тело.
Но во ист ден има и други јазики што поврзуваат. Грчки ер-трактор ќе ги гасне пожарите во државава. Почнува изградбата на гасоводната интерконекција со крак од Грција, финансирана од Европските банки.
Стигнаа и понудите од светските кредитори за исклучително скапа железница. Траса низ Македонија, проект што се погласно и критички се оспорува кај дел од домашната експертска јавност.
Во „Трилинг“ ќе гледате интервјуа со словенечката европратеничка Ирена Јовева, поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски, режисерот Гоце Цветановски, Менди Ќура претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Кристијан Фидановски доктор на науки по демографија.
Најавата за магазинот „Трилинг“ погледнете ја во видеото:
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.