Оливер Вархеји – европскиот комесар за проширување го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратешки приоритет за ЕУ.
„Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно“ – напиша Вархеји на Твитер.
Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ – Жозеп Борел, присуствува на денешниот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.