
Предлог-извештајот за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали
На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да се дебатира на пленарна седница во Стразбур, премиерот порача дека му е жал што во 21 век во Европа има такви европратеници кои оспоруваат идентитет на малоброен народ и неговиот мајчин јазик .
На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да се дебатира на пленарна седница во Стразбур, премиерот порача дека му е жал што во 21 век во Европа има такви европратеници кои оспоруваат идентитет на малоброен народ и неговиот мајчин јазик.
– Има голем број на пратеници, членови во Европскиот парламент, што се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за амандманот кој има за цел на талибански начин, од извештајот што е на маса, по првпат од осамостојувањето на државата, да опфати македонски јазик и македонски идентитет. Тие нема да гласаат да се избришат од извештајот бидејќи досега никогаш во извештајот не се појавиле македонски јазик и македонски идентитет. Не верувам дека и оние што се известувачи во сенка ќе го поддржат тој амандман, изјави премиерот Мицкоски.
А шефицата на државата порача дека не е изнедадена од тоа што се очекува – терминот македонски јазик и идентитет, преку амандман да биде исфрлен од Извештајот за Макеоднија. Изјави дека Европската Унија е во демократски дефицит.
– Не сум изненадена бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата Европска Унија, националистички партии, да не ги набројувам, од АТАКА (бугарска партија н.з) преку Златна зора (грчка партија нз.) и други. Не сум зачудена“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Европратениците вечерва на пленарната седница во Стразбург ќе дебатираат за Извештајот за напредокот на Македонија за 2023-та и 2024-та година. Документот го помина филтерот на АФЕТ- Комитетот за надворешни работи, а при гласањето на 24 јуни, шест европратеници го блокираа амандманот поднесен од Европската народна партија за додавање на придавката модерен – пред македонски јазик и идентитет.
Пред една недела пак, трите најголеми политички групации во Европскиот Парламент – ЕПП, социјалистите и либералите, постигнаа консензус за заеднички амандман со кој целосно ќе се избрише формулацијата македонски јазик и идентитет. Гласањето ќе се случи утре.