
Кој е Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Познат е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Извршниот комитет на партијата одлучи тоа да биде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со чие име веќе се шпекулираше подолг период.
Познат е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Извршниот комитет на партијата одлучи тоа да биде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со чие име веќе се шпекулираше подолг период.
Партијата ги соопшти и имињата на кандидатите за градоначалници на општините Газа Баба, Карпош, Лозово, Пехчево, Ресен и Зрновци, кои претежно се актуелни градоначалници во овие општини.
Образование
Ѓорѓиевски е роден на 5. август 1987 година.
Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, на Одделот за политички студии.
Магистрирал во областа на менаџмент на човечки ресурски.
Активно зборува англиски јазик.
Политичка кариера и работно искуство
Освен политичко, има и работно искуство во приватниот сектор.
Член на партијата е од 2005 година, а својата партиска кариера ја започнал како претседател на Местен комитет (МК) на Унијата на на млади сили (УМС). Подоцна станал член на Општинскиот комитет (ОК) на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ.
Во периодот 2013-2016 година бил член на Извршниот комитет (ИК) на УМС ВМРО-ДПМНЕ, во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС, а во 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода.
Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
На локалните избори во 2017 година беше избран за член на Советот на Општина Кисела Вода.
На следните локални избори, во октомври 2021 година, стана градоначалник на Општина Кисела Вода.