Пу, пу не важи – ќе немало данок за немажени и неженети

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.

Но, според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме со тоа.

-Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина… Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти… природно е тоа, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.