
Ишиба: Нема лесно да се договориме со САД
Ние сме сојузник, но треба да кажеме тоа што имаме. Ние сме нација, која најмногу инвестира и создава најголем број работни места (во САД). Ние сме поинакви, посочи Ишиба
Премиерот на Јапонија, Шигеру Ишиба денеска изјави дека нема да биде лесно да се постигне договор во трговските преговори со САД, а најавените царини на американскиот претседател Доналд Трамп треба да стапат во сила на 9 јули.
– Нема лесно да се договориме. За тоа треба време и затоа е тешко, посочи Ишиба.
Јапонија се обидува да постигне договор со САД пред среда, кога ќе стапат во сила високите царини за американските трговски партнери. Трамп најави дека царините за јапонскиот увоз ќе изнесуваат од 30 до 35 проценти.
Ишиба денеска оцени дека Вашингтон треба поинаку да се однесуваат кон Јапонија, која е најголем странски инвеститор во САД.
– Ние сме сојузник, но треба да кажеме тоа што имаме. Ние сме нација, која најмногу инвестира и создава најголем број работни места (во САД). Ние сме поинакви, посочи Ишиба.
Трамп сака Јапонија да увезува повеќе автомобили и ориз од САД.