Хутите тврдат дека го ракетирале аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив

Портпаролот на Хутите, Јахија Сарија изјави дека ракетата „успешно ја постигнала својата цел“ и оти аеродромот во Тел Авив привремено е затворен

Јеменските бунтовници Хути соопштија дека истрелале хиперсонична балистичка ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, Израел.

Портпаролот на Хутите, Јахија Сарија изјави дека ракетата „успешно ја постигнала својата цел“ и оти аеродромот во Тел Авив привремено е затворен.

Претходно, израелската армија соопшти дела пресретнала раката лансирана од Јемен, при што во неколку региони беше прогласена тревога од воздушен напад.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.