Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“
Северна Македонија e меѓу првите држави во Европа кои го усвоија најновиот европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“, дел од европската регулатива Европски простор за здравствени податоци European Health Data Space (EHDS), соопшти денеска Министерството за здравство.

На меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена, националниот здравствен информатички систем „МојТермин“ успешно ги поминал сите предвидени технички тестови, добивајќи највисока ознака за интероперабилност – Silver Industry Label, која го потврдува системот како технички усогласен со европските стандарди.
Преку новиот стандард „Жолто копче“, граѓаните ќе можат лесно, безбедно и транспарентно да пристапуваат до своите здравствени податоци, како што се општата здравствена состојба, медицински извештаи, алергии и нетолеранции, тековна терапија, дијагностички резултати, имунолошки статус и друго. Овие податоци се прикажуваат во формат на International Patient Summary – еден вид „пасош за здравствените податоци“, универзално разбирлив и технички усогласен документ што ги собира најважните здравствени информации за пациентот, информира Министерството за здравство.