(Видео) Ивановски: Не ни треба ЕУ за да дишеме чист воздух – ни треба волја дома

🔴- Ако не сакаме да се гушиме во нечист воздух и и постојано да бидеме во смет зависи од нас и тука не ни треба ни членство во ЕУ, ниту пак значителни финансиски средства туку желба да се среди екологијата. Конкретно за сметот Македонија со некои 200 милиони евра може да го реши управувањето со сметот на сличен начин како што е во Словенија или Германија. 200 милиони евра ќе речете дека се многу пари. Ако ги пролонгирате имате фондови дел и грантови, веќе ние како држава имаме аплицирани и добиено одредени грантови од ЕБРД за таа намена но отприлика со тие пари може да имате убаво паметно управување со отпад што значи да има примарна селекција кај граѓаните. 🔴 Вие може да имате граѓани со висока свест и ако гледаат дека ништо не се случува, општината не се труди, полека тие ќе ги изгубат своите еколошки навики барем во дел на отпад и обратно. Ако граѓаните имаат ниска еколошка свест и гледаат дека општината и системот прават нешто сериозно, ги наградуваат тие што добро го менаџираат својот отпад а ги казнуваат тие што не го прават тоа, тогаш полека и свеста кај граѓаните ќе се подигне. Значи тие работи се како врзани садови. Ако се поткачи подобра општинска власт ќе се качи и свеста кај граѓаните и обратно. На крај се се сведува колку ние имаме пари за тоа, бидејќи правилното управување со отпад и генерално екологијата не е бесплатно, вели проф. Ивановски.

„Ако не сакаме да се гушиме во нечист воздух и и постојано да бидеме во смет зависи од нас и тука не ни треба ни членство во ЕУ, ниту пак значителни финансиски средства туку желба да се среди екологијата. Конкретно за сметот Македонија со некои 200 милиони евра може да го реши управувањето со сметот на сличен начин како што е во Словенија или Германија. 200 милиони евра ќе речете дека се многу пари. Ако ги пролонгирате имате фондови дел и грантови, веќе ние како држава имаме аплицирани и добиено одредени грантови од ЕБРД за таа намена но отприлика со тие пари може да имате убаво паметно управување со отпад што значи да има примарна селекција кај граѓаните. Селектирање на отпадот, да не завршува на диви депонии, да завршува на регуларни депонии кои за жал како држава сѐ уште мора да ги почекаме и да извлекуваме што е можно повеќе материјали и суровини од отпадот што сега завршува на депонии. Суровини што би се рециклирале и повторно би се добиле нови материјали.

-Во делот на загадување со воздухот – доброто управување со отпадот во старт ќе го намали и загадувањето на воздухот. Тука се и други фактори. Во Скопје не е само од греењето, од сообраќајот. Сите се понекаде 20-25% учество во вкупната слика и веројатно треба да се делува на повеќе полиња. Јавниот превоз да речеме е многу важен, бидејќи ако имате добар јавен превоз, ефикасен, брз, чист, граѓаните нема да одат со возила ќе одат со јавен превоз. Како ќе го решите текот на сообраќајот низ Скопје е исто многу важно – што помалку да чекаат возилата на семафор. Треба нови сообраќајници, надвозници, индустријата треба добро да се контролира. Оние што се потенцијални индустриски загадувачи со прашина или со гасови кои загадуваат, така што ако се има желба, политичка волја, пари ќе се најдат и би требало за 5-6 години барем пола да биде подобро од што е сега“, изјави за магазинот „Трилинг“ проф. Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“.

За тоа дали е проблемот во свеста кај граѓаните или пак потфрлаат локалните власти Ивановски смета дека тие две работи се поврзани.

„Вие може да имате граѓани со висока свест и ако гледаат дека ништо не се случува, општината не се труди, полека тие ќе ги изгубат своите еколошки навики барем во дел на отпад и обратно. Ако граѓаните имаат ниска еколошка свест и гледаат дека општината и системот прават нешто сериозно, ги наградуваат тие што добро го менаџираат својот отпад а ги казнуваат тие што не го прават тоа, тогаш полека и свеста кај граѓаните ќе се подигне. Значи тие работи се како врзани садови. Ако се поткачи подобра општинска власт ќе се качи и свеста кај граѓаните и обратно. На крај се се сведува колку ние имаме пари за тоа, бидејќи правилното управување со отпад и генерално екологијата не е бесплатно.

– Циркуларната економија е поскапа од сегашната линеарна економија и тоа некој треба да го плати. ВО Македонија градоначалниците се плашат да ја покачат комуналната такса што ја плаќаат граѓаните зошто пред сѐ ги гледаат како гласачи и гледаат од мандат со мандат. Или имаме некаде општини каде за подигање на смет се наплаќа 150 денари од семејство или куќа. Ќе се сложите дека тоа е прениско да имате управување како во Словенија каде што се плаќа 1200 до 1500 денари по семејство. ВО Град Скопје, погледнете ги вашите сметки, ќе видите дека за одлагање на смет з стан од 70-80 квадрати што е четиричлено семејство 350 денари е таксата за собирање на смет. Е сега за 350 денари вие очекувате и ние како граѓани сакаме да имаме иста чистота и менаџирање со отпадот како во Љубљана каде што плаќаат 1300 денари. Ја не велам дека треба да отидеме одма на 1300 денари но треба да се покачи цената на комуналната услуга во делот на сметот“, вели проф. Филип Ивановски.

Тој смета да за прв човек на градот треба да биде избран човек од акција.

„Човек што ќе разбере што е корен на проблемите и ќе ги решава без само да се настојува да се замаскираат последиците. Споменав веќе некои од проблемите со сообраќајните решенија во градот Скопје, јавниот сообраќај, селекцијата на отпад. Ние како „Пакомак“ се соочуваме, еве веќе 15 години се менуваат градоначалниците, секој од нив си доаѓа со идеја како замислува и какви контејнери треба да има за селекција.

Целиот разговор со проф. Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“ во кој отвораме и други теми погледнете го во видеото.