
(Видео) Кога компромисот станува услов: Македонија под лупата на Софија и Брисел, во Трилинг со проф. д-р Ристеска
🔴-Барањата на Софија се резултат на преседанот кој е направен со Преспа, односно научена лекција и едно копи карбон однесување да се искористи позицијата која Софија ја има како членка на Унијата преку преговорите за членство во ЕУ да се инсистира односно да се доведе Македонија до ситуација да се согласи на барањата на официјална Софија кои што се барања кои завлегуваат длабоко во правата на самоопределување, на правата на имање на сопствен историски мит за настанување на државата и едноставно за внатрешно владеење и уредување на државата по сите демократски принципи. 🔴 Јас сум реалист којшто реално ги анализира состојбите. ЕУ во моментов не е спремна за проширување. ЕУ токму затоа иго предложи овој пат на интеграции преку реформски агенди, бидејќи не може да го исполни ветувањето дека ќе имаме проширување за 5, 10, 20 години. ЕУ не може да ја постави временската точка кога ќе се случи проширувањето поради што целиот процес не е кредибилен, но затоа обезбеди средства коишто ќе ги потпомогнат реформските процеси во земјите за да оневозможи земјите од Западен Балкан да се откажат од целата иницијатива за членство во ЕУ, вели проф. д-р Марија Ристеска.
„Барањата на Софија се резултат на преседанот кој е направен со Преспа, односно научена лекција и едно копи карбон однесување да се искористи позицијата која Софија ја има како членка на Унијата преку преговорите за членство во ЕУ да се инсистира односно да се доведе Македонија до ситуација да се согласи на барањата на официјална Софија кои што се барања кои завлегуваат длабоко во правата на самоопределување, на правата на имање на сопствен историски мит за настанување на државата и едноставно за внатрешно владеење и уредување на државата по сите демократски принципи. Внесувањето или промената на било кој дел од Уставот но и на внесувањето на било кој дел од народите треба да го рефлектира исто така и демократскиот капацитет и потребите и интересите на граѓаните кои живеат тука. Ние не сме имале притисок од внатре за внесување на Бугарите во Уставот. Знаеме и колкав број имаме, имаме и официјални податоци и тн.
-Отпорот којшто го гледам е исто така и дел од политичката стратегија која сегашната власт ја има, а тоа е дека тие дојдоа на избори со цврст став дека нема да подлегнат на притисоците на официјална Софија, дека ќе изнајдат некое решение кое е креативно, кое ќе ни даде гаранција, нема да не остави во еден недоглед на повлекување од нашите национални интереси“, изјави во магазинот „Трилинг“ проф. д-р Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики, на прашањето како гледа на обидите да се изнајде решение, притоа имајќи го предвид и инсистирањето на бугарските власти да се внесат Бугарите во Преамбулата.
Околу тоа што препознава под инсистирањето на македонската страна да се пронајде креативно решение во релациите Скопје – Софија, Ристеска вели дека во однос на овие прашања нема креативно решение и единствено што смета дека е прифатливо од аспект на реална политика е токму прифаќањето на препознавањето на Бугарите во Уставот и повлекување од страна на Софија да работата во комисиите остане да биде работа на стручњаците и тоа да не се користи како причина за блокирање на процесот на интеграции.
„Но во исто време мислам дека за македонската страна е многу важно заради зачувување да овој процес биде кредибилен и во исто време да ги рефлектира вредностите на ЕУ кон која целиме е да има некој реципроцитет и од другата страна бидејќи знаеме дека има Македонци кои живеат во Бугарија кои се политички можеби неорганизирани, но кои се организирани и сакаат да го заштитат својот македонски идентитет“, вели Ристеска.

Во три области – економија, правда, енергетика македонските институции не успеаја да ги завршат преземените обврски од Реформската агенда до 1 јули 2025. За тоа дали, каде и зошто потфрлуваме во реализација на обврските од Брисел, Ристеска вели дека ако погледнеме колку беше нашиот план и погледнеме компаративно како стојат останатите земји од регионот кои имаат Развоен план, во реализација на истиот не сме лоши.
„Горе – долу сите имаат околу 40% реализација. Тоа е случајот и со Македонија. Мислам дека во овие три области кои ги забележуваме како области коишто стагнираат треба да имам предвид дека имавме реорганизација на државната управа, така што јас тука ја гледам причината зошто имаме не реализација на очекуваните резултати во овие сектори, а во секторот правда сметам дека стратегијата која беше препорачана за малку радикална промена не доби на поддршка и од меѓународната заедница и тоа е причината зошто реформите во овој сектор немаат резултат, изјави Ристеска.
Околу изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кој ни кажа дека „немате доволно пријатели во Брисел“, а сега во извештајот ни се забележува дека сме дел од концептот на т.н „српски свет“ Ристеска вели ова е поврзано со фактот дека македонската Влада се обидува да најде средства да ги реализира реформите кои ги вети.
„Тие наследија една многу тешка финансиска состојба но и институции кои се во полу распад, нефункционални. Тоа го гледаме од повеќе аспекти. Од аспект на тоа како котираме на индексот за корупција каде што се покажува завлегување на корупцијата во сите пори на институциите и сметам дека за да може да се постигнат реформските ветувања потребно е и европска перспектива којашто очигледно ја нема. И тоа мислам дека не е случај само за Македонија, мислам дека тоа е случај и за целиот Балкан. Јас сум реалист којшто реално ги анализира состојбите. ЕУ во моментов не е спремна за проширување. ЕУ токму затоа иго предложи овој пат на интеграции преку реформски агенди, бидејќи не може да го исполни ветувањето дека ќе имаме проширување за 5, 10, 20 години. ЕУ не може да ја постави временската точка кога ќе се случи проширувањето поради што целиот процес не е кредибилен, но затоа обезбеди средства коишто ќе ги потпомогнат реформските процеси во земјите за да оневозможи земјите од Западен Балкан да се откажат од целата иницијатива за членство во ЕУ.
Целото интервју погледнете го во видеото.