
(Видео) Традиција, протоколи и идентитет: Каде сме на патот кон ЕУ, разговор со Драган Тилев
🔴 -На нас е да ги објасниме нашите аргументи, стравови, да ги објасниме тие формално, неформално, писмено, усно, во секоја фаза во која можеме тоа да го направиме, на секој форум и на секоја дебата, на секој состанок, за да можеме да обезбедиме разбирање за нашите аргументи и нашето разбирање на крајот на краиштата за тоа што значат за нас идентитетските обележја, до каде се нашите црвени линии, што може да прифатиме, што не може да прифатиме. И тоа треба да биде совршено јасно. И презентирано и елаборирано за да може евентуално во иднина да се избегнат вакви недоразбирања“, изјави во магазинот „Трилинг“, Драган Тилев државен советник за европски прашања во врска со компарацијата на еврокомесарката за проширување Марка Кос на македонскиот идентитет и нашите традиционална кујна и дали тоа е намерно или без лоша задна намера направено. 🔴 - Ѓаволот се крие во деталите. Испреплетеноста на документите помеѓу себе практично не носи до заклучок дека Протоколот е преточен како билатерален документ преку заклучоците и преку заедничката позиција на ЕУ за политичката Меѓувладина конференција потоа е преточен во генералната ЕУ позиција и преговарачката рамка, што значи дека тоа е еден формиран корпус на билатерални преточени прашања во заедничката позиција на ЕУ. 🔴 - Да, фрустрации има, но политичарите уште повеќе немаат право на фрустрации, бидејќи фрустрациите се поврзани со емоции, а политиката и одлуките кои се носат на политичко ниво мора да бидат одлуки на рацио кои треба да бидат базирани поткрепени со поддршка на нашите стратешки интереси. Наш стратешки интерес е влез во ЕУ и тука не гледам некоја дилема дали треба да се оди на една или на друга страна“, оценува Тилев.
„Секогаш треба да се обидете да ја разберете и другата страна. некогаш можеби и нема да ви се допадне тоа што ќе го слушнете меѓутоа треба да разберете зошто е тоа кажано, во кој контекст е тоа кажано. Во случајов (Марта Кос) јас сум убеден дека тоа не е злонамерно, дека не е со некоја задна намера, едноставно се работи за разлика во култури, разлика во перцепција и она што е особено важно и сум го апсолвирал како лекција е дека нема поголем пријател кој ни е неопходен во Европската комисија од комесарот за проширување, бидејќи комесарот, комесарката во случајов се нашите очи, уши и уста во рамките на институциите на Европската унија.
-Наш силен, стратешки интерес е да одржуваме не добри, туку одлични односи со комесарката во случајов, со институциите кои таа ги покрива, со делегацијата на ЕУ, бидејќи кога се разговара на ниво на телата на Советот, кога се разговара во КОЕЛА или во групата за проширување ние не седиме на масата но нас не претставува Европската комисија, делегацијата на ЕУ, комесарката, што значи дека ние мора да градиме одличен однос и да имаме разбирање за работи кои понекогаш можеби треба да ги дообјасниме.
-На нас е да ги објасниме нашите аргументи, стравови, да ги објасниме тие формално, неформално, писмено, усно, во секоја фаза во која можеме тоа да го направиме, на секој форум и на секоја дебата, на секој состанок, за да можеме да обезбедиме разбирање за нашите аргументи и нашето разбирање на крајот на краиштата за тоа што значат за нас идентитетските обележја, до каде се нашите црвени линии, што може да прифатиме, што не може да прифатиме. И тоа треба да биде совршено јасно. И презентирано и елаборирано за да може евентуално во иднина да се избегнат вакви недоразбирања“, изјави во магазинот „Трилинг“, Драган Тилев државен советник за европски прашања во врска со компарацијата на еврокомесарката за проширување Марка Кос на македонскиот идентитет и нашите традиционална кујна и дали тоа е намерно или без лоша задна намера направено.
Тилев смета дека еден од клучните проблеми, ако не и клучен проблем од којшто тргнува целиот тој талас на незадоволство, на фрустрација е Протоколот 2.
„Протоколот 2, некој вели дека тоа е само записник, забележување на одредени позиции во одреден момент, но можеби е тоа така, или од правен аспект би било така доколку Протоколот бидејќи тој е дел односно произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија како обврска од членот 12 каде што се вели дека ќе се формира таа заедничка министерска комисија и дека таа секоја година ќе прави пресек на имплементацијата на самиот Договор и ќе произведува протоколи. Во Протоколот 2 направен е многу детален пресек и Протоколот 2 содржи толку елементи, во него е и содржан и елементот за промена на уставното решение, односно Преамбулата и на два члена во самиот Устав. Во тој момент тој Протоколот кога се пренесува во заклучоците на ЕУ, Протоколот ќе потсетам е потпишан на 17 јули 2022 година, на 18 јули 2022, следниот ден, се донесени заклучоците на ЕУ односно Бугарија го повлекува своето вето, односно противење, заклучоците го поврзуваат Протоколот со самите заклучоци, што значи и со уставните промени. Веднаш оттука имате ланчана реакција. Значи 17 е Протоколот, 18 заклучоци. Во заклучоците се усвоени и генералните позиции каде е вклучена и преговарачката рамка, каде што стои референца на самиот Протокол. Не како Протоколот туку како член 12 и овие записници кои се произведуваат и треба да се произведуваат секоја година според Договорот за добрососедство. Оттука одиме во други два документа кои се исто така исклучително важни – едниот е ЕУ заедничка позиција, значи претходно имавме ЕУ генерална позиција со преговарачка рамка, а ова е ЕУ заедничка позиција за првата политичка Меѓувладина конференција. Можеби за добар дел од гледачите ова е поприлично комплексно бидејќи е испреплетено но ѓаволот се крие во деталите и испреплетеноста на овие документи помеѓу себе практично не носи до заклучок дека Протоколот е преточен како билатерален документ преку заклучоците и преку заедничката позиција на ЕУ за политичката Меѓувладина конференција потоа е преточен во генералната ЕУ позиција и преговарачката рамка, што значи дека тоа е еден формиран корпус на билатерални преточени прашања во заедничката позиција на ЕУ.
-Тука имаме уште еден елемент којшто беше на инсистирање на бугарската страна, а тоа е, бидејќи во делот на фундаменти или темели имаме еден цел корпус на теми, меѓу кои и владеење на правото (поглавје 23 и 24, правосудство и делот на фундаментални права плус делот на безбедност, сигурност, борба против организиран криминал) во тој дел стои дека тоа ќе биде една од одредниците за отворање на кластерот фундаменти. Но што е идејата и на Бугарија, но потоа и прифатена од ЕУ -акциски план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници. Тој акциски план е составен дел на Патоказот за владеење на право и како составен дел тој подлежи не само како одредница за отворање, туку подлежи и на времени одредници, кои се исклучително тешки, да потсетам само Црна Гора десет години се мачеше со времените одредници, Србија сѐ уште се мачи, значи тоа се сериозни одредници без кои не можете да напредувате понатаму во пристапните преговори, и во тој корпус на времени одредници имате уште еден елемент а тоа е корективни мерки. Тоа значи дека два пати годишно треба да се информира ЕУ и Советот како се имплементира Патоказот за владеење на право заедно со Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници и врз основа на тоа можни се покренување на корективни мерки или со други зборови суспензија на самите преговори, а во случајот кај нас, според новата Методологија може да направи една земја членка. Значи една земја членка може да иницира постапка на корективни мерки или суспензија доколку не е задоволна од имплементација на Патоказот за владеење на право и Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници. Ова се се последователни чекори кои се поврзани меѓу себе и кога велиме билатерализација на европскиот процес тоа е билатерализацијата. Од Протокол 2 преку заклучоците внесено во преговарачката рамка, односно во ЕУ генералната позиција во Патоказот за владеење на право поврзано со Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници, вели Тилев.
Околу тоа дали сме предизвикани пред предизвикот Белград, Москва или Брисел, Тилев не гледа таква дилема и смета дека сите политички фактори се многу јасни во изјавите дека нашата стратешка цел е ЕУ.
„Да, фрустрации има, но политичарите уште повеќе немаат право на фрустрации, бидејќи фрустрациите се поврзани со емоции, а политиката и одлуките кои се носат на политичко ниво мора да бидат одлуки на рацио кои треба да бидат базирани поткрепени со поддршка на нашите стратешки интереси. Наш стратешки интерес е влез во ЕУ и тука не гледам некоја дилема дали треба да се оди на една или на друга страна“, оценува Тилев.
Целиот разговор погледнете го во видеото.