Диого Жота, напаѓачот на Ливерпул, загина во сообраќајна несреќа

Напаѓачот на Ливерпул и португалски репрезентативец Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа додека беше на одмор во Шпанија рано наутро во четвртокот.

Напаѓачот на Ливерпул и португалски репрезентативец Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа додека беше на одмор во Шпанија рано наутро во четвртокот

Заедно со Диого, загина и неговиот брат Андре, фудбалер од Пењафиел.

Трагичната несреќа се случи во покраината Замора, во раните утрински часови.

Возилото во кое се наоѓале Диого и Андре излетало од патот, по што автомобилот се запалил.

„Првичните податоци покажуваат дека 28-годишниот Диего Жота и неговиот брат Андре, играч на Пењафиел, загинале во трагична несреќа веднаш по полноќ, на 65-тиот километар од патот А-52 во областа Сенадиља. Оперативната сала на покраината Кастиља и Леон добила неколку повици во кои била пријавена несреќа при што автомобил, во кој биле двајца млади мажи, излетал од патот и возилото се запалило. На местото на настанот беа испратени Сообраќајната цивилна гарда, Противпожарната бригада, Центарот за координација на вонредни ситуации на здравствени итни случаи… Беа испратени единиците за итна помош и медицинскиот персонал од центарот за примарна здравствена заштита, кои можеа само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе“, пишуваат локалните медиуми од Самора.