И официјално Финска ќе аплицира за членство во НАТО алијансата!
Сауло Нинисто – претседателот на Финска изјави дека официјален Хелсинки ќе поднесе формално барање за членство во НАТО алијансата.
Премиерката на оваа земја – Сана Марин изрази надеж дека одлуката да се побара членство во НАТО ќе биде одобрена од Парламентот на расправа која ќе се одржи во текот на следните неколку денови.
„Ни преостанува уште парламентарниот процес во Финска, но верувам дека парламентот одлучно и одговорно ќе дебатира за оваа историска одлука“ рече таа.
Марин вели дека заедно со претседателот Нинисто се во постојан контакт со повеќе членки на Алијансата, и им се заблагодари за нивната поддршка.