
ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност претставува институционална измама
Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите изрази „сериозна загриженост“ поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата. Според ДУИ, законот суштински не нуди решение, туку манипулира, продлабочувајќи ги нееднаквостите во застапеноста и избегнувајќи ги уставните обврски.
Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите изрази „сериозна загриженост“ поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата. Според ДУИ, законот суштински не нуди решение, туку манипулира, продлабочувајќи ги нееднаквостите во застапеноста и избегнувајќи ги уставните обврски.
„Јавното дистанцирање на албанскиот член на работната група, проф. д-р Мерсим Максути, е најјасен аларм дека овој предлог-закон е неуспешен во својата основа. Во своето издвоено мислење, Максути го оцени предлог-законот како скандалозен, неприменлив и противуставен, осудувајќи го отсуството на квоти за помалку застапените заедници, слабите механизми за имплементација и потпирањето на политичка волја, наместо на законски обврски“, велат од ДУИ.
Според оваа партија, законот не гарантира никакви квоти за застапеност на етничките заедници, релативизирајќи го колективното право на застапеност преку нејасни и исклучувачки критериуми како „професионалност“ и „компетентност“, исто како пред 2001 година.
„Предложеното Координативно тело е фарса, немоќно, без јасно дефинирано политичко водство и без реални овластувања да бара одговорност од институциите што го прекршуваат законот“, велат од ДУИ.
Законот, како што се наведува во соопштението, е изготвен врз интересите и идеите на Каракамишева, а не врз реалните потреби на дискриминираните граѓани. Тој е усвоен само за да се испрати до Венецијанската комисија, заобиколувајќи ја внатрешната јавна дебата.
Недостигот на санкции и правна одговорност го прави овој закон пропаганден документ, без обврзувачка сила и без реално влијание врз подобрување на застапеноста, сметаат од ДУИ, при што додаваат дека референцата на одлуката на Уставниот суд е злоупотребена за да се оправда избегнувањето на квотите. Уставот на РСМ, преку Aмaндманот VI, јасно го гарантира правото на правична и соодветна застапеност како колективно право кое не може да се релативизира со слаб закон, велат од ДУИ.