
Фудбалерите на Англија и Германија во финалето на ЕП до 21 година
Англија и Германија ќе играат во финалето на Европското првенство во фудбал до 21 година кое е закажана за в сабота во Братислава.
Англија и Германија ќе играат во финалето на Европското првенство во фудбал до 21 година кое е закажана за в сабота во Братислава.
Англија ја совлада Холандија со 2-1 во првото полуфинале, додека Германците синоќа беа поуспешни од Франција со 3-0.
Двоен стрелец за Англија, која е бранител на титулата, беше Харви Елиот (62, 86), додека почесниот гол за Холандија го постигна Ноа Охајо (72).
Германија во победата над Франција имаше два гола предност веќе во воведните 15 минути, со головите на Нелсон Вајпер (8) и Ник Волтемаде (14), а победата ја потврди Брајан Груда (90+3).
Ова ќе биде петто финале за младата англиска репрезентација која три пати досега ја освојуваше европската титула (1982, 1984, 2023).
Германија, исто така, три пати беше европски шампион (2009, 2017, 2021), а двапати беше поразена во финалето.