
УЈП ги објави фирмите од аферата „Крмзов“ и имињата на косовските државјани кои биле крајни сопственици
Објавени се имињата на четири фирми, потоа имињата на соработниците на Крмзов кои ги пренесувале сопственичките удели и имињата на косовските државјани кои биле крајни сопственици. За некои од овие фирми веќе се пишуваше дека во изминатите години одеднаш рапидно им пораснале приходите, што алудира на тоа дека на можен фантомски начин се повлекувал што е можно поголем поврат на ДДВ. УЈП во објавата дополнува дека налогот за контрола бил издаден на 17 јануари 2024.
Управата за јавни приходи вчера објави акт за „уредно доставување на налог за контрола за правните и одговорни лица“, со што истовремено откри четири фирми поврзани со притворениот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, односно шемата за тоа како се префрлале сопственичките удели хронолошки, додека фиктивно се испумпувал поврат на ДДВ од државата, пренесува Фактор.
Објавени се имињата на четири фирми, потоа имињата на соработниците на Крмзов кои ги пренесувале сопственичките удели и имињата на косовските државјани кои биле крајни сопственици. За некои од овие фирми веќе се пишуваше дека во изминатите години одеднаш рапидно им пораснале приходите, што алудира на тоа дека на можен фантомски начин се повлекувал што е можно поголем поврат на ДДВ. УЈП во објавата дополнува дека налогот за контрола бил издаден на 17 јануари 2024.
Според објавеното, ММР-Компани Струмица, управувана од Зуле Кармзова Василева, во 2022 прешла во сопственост на Лисав Компани од Качанички пат, Бутел, под управителот Арсим Бериша од Косово Поле. Винас Текстил Струмица со Горанчо Трајков како раководител од јуни 2023 со пренос на удел прешла во сопственост на Гамаши Компани на улица Прашка во Карпош, чиј управител бил извесен Беким Гаши од Гњилане. Арена Метал ЛТ Струмица со Трајков како одговорно лице преминала во октомври 2022 во сопственост на Анерас Компани од улица Прашка, Карпош, но со Едон Мемети од Урошевац како управител. Последна објавена фирма е Васил ВК Компани Струмица со Васе Панајотов како одговорен, чиј сопственички удел бил преземен од Лантус Комерц од Чаир, управувана од Бесим Руди од Гњилане.
Крмзов, под сомнение за тешки финансиски малверзации, од овој месец е ставен во триесетдневен притвор. Од Кривичниот суд, тој беше префрлен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Оваа мерка е изречена поради опасност од бегство, интервенирање врз сведоци и потенцијал да го повтори кривичното дело.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ден потоа на брифингот нагласи дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 90 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности..
Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани фирми со обемна документација. Таа информираше дека незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по екстремни цени. Деловните простории кои што биле продавани, како што дополни, се наоѓале во Струмица и сите се во сопственост на Крмзов.
– Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, дополни обвинителката.