Луда тужба – од синот бараат 650.000 долари оти ги оставил без внуче!
Невообичаена тужба во Индија, извесни Санџев и Садана Прасад од државата Утараканд го тужат синот единец и неговата сопруга затоа што не им дале внуче иако се 6 години во брак.
Бараат речиси 650.000 долари доколку не им се роди внуче во рок од една година.
Санџев Прасад вели дека ја потрошил сета своја заштеда на синот, испраќајќи го во САД во 2006 година на обука за пилоти. Тој се вратил во Индија во 2007 година, но останал без работа и неговото семејство морало финансиски да го издржува повеќе од две години.
Нивниот син Шри Сагар (35) се вработил како пилот, се венчал со Шубханги Синха (31) во 2016 година, со надеж дека ќе имаат „внуче со кое ќе си играат“ кога ќе се пензионираат.
Родителите на младиот пилот велат дека платиле за свадба во хотел со 5 ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и меден месец во странство.