
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом. Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Исто така, неексплодирано убојно средство (НУС) од минатите војни е пронајдено кај с.Калишта, при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, оваа работна недела во реон на Општина Струга. Пронајдената артилериска граната со калибар 105 мм била од Првата светска војна, што практично била во двор меѓу изградени куќи. Безбедно е подигната и транспортирана до место за нејзино складирање, а потоа и за уништување, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорги Стефанов.