Сопственици на над 20 фиктивни компании уапсени во голема антикорупциска операција во Србија

Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС.

Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари (стотици илјади евра).

Меѓу уапсените е и сопственикот на компанијата за производство на оружје „НБ ИНАТ“, според неофицијални информации на РТС. Уапсен е и сопственикот на винаријата „Шкрбиќ“ во Белград.