„Освен што блокира и опструира се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е посветена на одбрана на криминалот.
Во Собранието го блокира Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, а надвор од него шири лажни вести за работата на институциите и измислув непостоечки афери.
Последен пример е лагата за наводна афера во работењето на Управата за јавни приходи.
Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го открила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка.
Не е прв пат преку шпекулации ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ја поткопа работата на институциите, тоа се случуваше и при одредени акции и истраги на Министерството за внатрешни работи.
Колку и да се обидува Мицкоски нема да успее да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ кој е потврден и преку признанија на високи партиски функционери и преку правосилни судски пресуди“ соопштуваат од владејачката СДСМ.