Мицкоски подготвен да замине од функцијата, но за четири месеци, ако тоа го кажат граѓаните

Ова го кажа како одговор на новинарско прашање како ги коментира барањата за негова оставка од СДСМ поради трагедијата во Кочани и затајувањето на институциите.

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата, ако ги изгуби локалните избори. Ова го кажа како одговор на новинарско прашање како ги коментира барањата за негова оставка од СДСМ поради трагедијата во Кочани и затајувањето на институциите.

„Не сакам да ја коментирам работата на Обвинителството. Одговорноста ќе ја видиме за четири месеци, опозицијата праќа политички пораки. Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе видиме на избори.

Ако граѓаните сметаат дека треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како во 2021 година. Знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и другите“, рече Мицкоски.