По денешната средба помеѓу претставниците на СОНК и министерот за образование – Јетон Шаќири повторно нема договор за платите на наставниците и воспитувачите. Се разговарало за процентот, ставовите се доближиле, но детали не се откриваат.
Министерот Шаќири договор очекува најдоцна до вторник.
„Се отворија многу дискусии за колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор наредниот период, па ќе имаме за што да продолжиме со преговори. Ставовите се доближуваат, во другиот дел се наоѓаат решенија. Побарав разбирање од СОНК и наставниците затоа што имавме добра волја за решение“ – речеШаќири
На прашање дали платите ќе се покачат за 18% како што бара СОНК тој рече: „Сè уште разговараме. Ќе најдеме начин тој да биде подобар“.
„Не сакам да споменувам процент. Сакам да е ова последен штрајк и прекинат процес на настава. Можеби во наредниот период ќе имаме потреба од други разговори, но да нема прекин на настава“ – рече министерот Јетон Шаќири.