Илон Маск повикува на основање нова политичка партија во САД

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Илон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.

Маск првпат ја спомена идејата во четвртокот, а во анкета што ја објави вчера на своите 220 милиони следбеници на социјалната мрежа, доби поддршка од 80 проценти од нив, објави Си-Би-Ес Њуз.

„Тоа е судбина“, напиша Маск синоќа, прифаќајќи го предлогот на еден следбеник новата партија да се нарече „Американска партија“, слично на името „Америка ПАК“ за политичкиот акционен комитет што Маск го основа минатата година, кој беше главниот „мотор“ за издвојување на 239 милиони долари за помош на Трамп и другите републикански кандидати на изборите во 2024 година.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Еј-Би-Си Њуз дека Маск „го изгубил разумот“.

Во телефонско интервју, Трамп звучеше „рамнодушно и незаинтересирано“ за она што медиумите го опишаа како „тензичен однос“ со Маск. Кога беше прашан за можен разговор со Маск, Трамп одговори: „Мислите на човек кој го изгубил разумот?“, нагласувајќи дека во моментот не е заинтересиран за никаква комуникација со својот поранешен соработник, иако, како што изјави, Маск сака да разговара со него.

Потоа Трамп се префрли на други теми, како што се инфлацијата, странските инвеститори и неговата планирана посета на Кина.

Луѓе блиски до Трамп велат дека тој бил повеќе „потиштен отколку лут поради тензичниот однос со Маск“.

Според информациите објавени од Еј-Би-Си, повикувајќи се на висок функционер на администрацијата, Трамп размислува да ја подари или продаде својата црвена Тесла, што ја купил за да ја поддржи работата на Маск.

Во меѓувреме, во интервју за Ал Арабија, таткото на Маск, Ерол Маск, рече дека го контактирал својот син, повикувајќи го да го прекине „конфликтот“ со Трамп. Спорот меѓу американскиот претседател и поранешниот шеф на DOGE започна откако Маск го критикуваше законот за трошење и даноци на Трамп, кој влијае на бизнисот со електрични возила.

Трамп одговори дека не е сигурен дека ќе биде во добри односи со Маск во иднина, а сопственикот на Тесла потоа го обвини републиканецот дека неговото име е во досиејата на осудениот педофил Џефри Епстин.