Во пожар на паркинг изгорел семеен автомобил на познат бизнисмен од Битола

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него.

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци со кои разговараше „Независен“ најпрво се слушнал силен тресок пред да избувни огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобила на паркингот „пасат“ и дачија“.

„Во 00:20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно возило на улица „Леринска“ со 5 пожарникари. Интервенцијата траеше еден час до 1 и 20 часот. Зафатени беа три возила. “ изјави командирот на Горан Димкоски за „Независен“ .

Неофицијално првиот опожарен автомобил бил во сопственост на семејството на бизнисмен од Битола, кој претходно бил и политички ангажиран во кампањата за последните локални избори.