„С. Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ. Сега е критичниот момент и Европската Унија да испорача преку усвојување на преговарачката рамка“.
Ова го изјави министерот за надворешни работи – Бујар Османи на средбата со министерот за Европа и надворешни работи на Франција = Жан Ив Ле Дриан која се одржа на маргините на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС во Маракеш.
Османи рече надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со земјава, доколку Европската Унија сака да го задржи својот кредибилитет.
Двајцата шефови на дипломатиите размениле мислења и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина.