Бислимоски: Сега нема поднесено барање за поскапување на струјата, порака до граѓаните да штедат
„Во овој момент нема поднесено барања за поскапување на струјата, операторите треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе заседава и ќе одлучува“.
Ова меѓудругото денеска за Утрински брифинг го изјави претседателот на РКЕ – Марко Бислимовски. Тој порача граѓаните да ја штедат струјата.
„На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Со податоците што ги добиваме од ЕСМ обезбедени се резерви од јаглен од домашно производство за РЕК. Но нашиот јаглен е помалку квалитетен па се увезува и се меша. Добро е што имаме добра хидролошка година, но сега треба да се почне да се штеди. Имаме појави во некои општини на недомаќинско трошење“ – вели Бислимоски.
Тој вели дека „казнети“ ќе бидат оние кои имаат енормна потрошувачка на струја, но тоа не се однесува на оние домаќинства кои се греат на струја.
„Некои земји имаат можности да складираат природен гас, но ние немаме такви капацитети, но ни услови со оглед дека сме трусно подрачје. Ние имаме 100 отсто зависност од рускиот гас и Газпром. Немаме интерконективна врска со Србија и Грција, па само со Бугарија можеме да правиме договори Во тек е договор за интерконекција со Грција за гас од Азербејџан. Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена. Но, ќе треба да бидат регистрирани сите оние кои го прават тоа и да плаќаат даноци. Факт е дека сега трошат евтина струја за домаќинствата, но со новиот тарифник кој треба да се донесе некаде во јуни рабтите ќе се сменат“ – вели Марко Бислимоски.