Владата во Србија дозволи извоз на брашно

Српската Влада одлучи да дозволи извоз на брашно оти е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар, јавуваат тамошните медиуми.

Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени производи.

„Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз на брашно не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува растоварување на силосите за прием на новата жетва, како и зачувување на традиционалните пазари, со оглед на тоа. дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите во земјите од регионот“ – соопштуваат од српската Влада.

Се посочува дека слободниот извоз на брашно ќе има повеќекратно позитивно економско влијание на домашниот пазар, ќе доведе до поголемо вработување во домашните преработувачки капацитети и ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.

Извозот на пченица и брашно од Србија, како и на пченка и масло, беше забранет на 10 март годинава со цел да се обезбеди снабдување на пазарите за време на кризата предизвикана од војната во Украина.