
(Видео) Незири: Од исходот на локалните ќе зависи дали ќе има предвремени парламентарни избори
🔴 -Во такво сценарио не ја исклучувам можноста ДУИ да влезе на 'Илинденска' бр. 2, но интегративците не сакаат да влегуваат на таков начин без избори. Затоа мислам дека во тој случај предвремените парламентарни избори, дали за една година, дали за шест месеци ќе бидат неопходни. Во случај ВЛЕН да добие околу 100.000 гласови тогаш таа измена на коалицијата со излегувањето на Таравари нема да се почувствува и тој легитимитет на кој се повикуваше ВЛЕН дека го има, да ги претставува Албанците, ќе продолжи да го има и верувам дека во тој случај и Мицкоски нема да гледа потреба за нови предвремени парламентарни избори, од причина што веќе има максимален број на пратеници. Не верувам дека дека евентуални нови избори би му донеле повеќе од 58 пратеници“, смета Незири.
„Не е прв пат вакви вртења да прават политичките партии на Албанците. Вратете се наназад, од 2017. година до сега – прво беше дел од владата преку Алијанса на Албанците предводена од Села, после една година излезе, па влезе Алтернатива, па излезе Алтернатива па влезе БЕСА. Јас мислам дека проблемот е што веќе политиката се сфаќа како бизнис а не како платформа за дебата, дискусија заземање став за одредени нешта, дефинирање на проблемите, решавање на истите“, вели за „Трилинг“, аналитичарот и новинар Џелал Незири говорејќи за заминувањето на Арбен Таравари од Владата и дали се работи за конзистентност во ставовите или политичко лицемерие, како и за тоа како еден од најголемите критичари на ДУИ сега се приклонува во прегратките на Али Ахмети.
За тоа дали имањето на парламентарно мнозинство му дава таква слобода на Мицкоски да демонстрира супериорност, или преголемата концентрација на моќ која ја поседуваат ВМРО-ДПМНЕ може да му биде хендикеп во наредниот период, имајќи предвид дека во јавноста се чувствува како на Владата и на ВРЕДИ како да им е сеедно што Таравари заминува, Незири смета дека не им е се исто.
„Тие знаат дека голем број од законите и проектите коишто се нудат за усвојување во Собранието поминуваат со квалификувано мнозинство, а ќе им треба и Бадентер. Мислам дека немакедонски пратеници по етничка основа се околу 38 што значи дека околу 18 би требало да има парламентарното мнозинство за да се обезбеди бадентеровото мнозинство. Вие може да имате 80 пратеници но ако го немате тоа мнозинство може да имате голема пречка за усвојување на законите. Ако се усвојат без Бадентер тогаш веќе се отвора друг проблем кој оди во прилог на агендата на албанската опозиција т.е во Европскиот фронт предводен од ДУИ. Значи Владата ќе биде во една таква ситуација да трча по нови пратеници.
-Во такво сценарио не ја исклучувам можноста ДУИ да влезе на ‘Илинденска’ бр. 2, но интегративците не сакаат да влегуваат на таков начин без избори. Затоа мислам дека во тој случај предвремените парламентарни избори, дали за една година, дали за шест месеци ќе бидат неопходни. Во случај ВЛЕН да добие околу 100.000 гласови тогаш таа измена на коалицијата со излегувањето на Таравари нема да се почувствува и тој легитимитет на кој се повикуваше ВЛЕН дека го има, да ги претставува Албанците, ќе продолжи да го има и верувам дека во тој случај и Мицкоски нема да гледа потреба за нови предвремени парламентарни избори, од причина што веќе има максимален број на пратеници. Не верувам дека дека евентуални нови избори би му донеле повеќе од 58 пратеници“, смета Незири.

Говорејќи за старо-новиот премиер на Рама и како тоа стана миленик на ЕУ, а притоа често е критикуван за високата стапка на корупција, за иселувањето на граѓаните од Албанија, Незири вели дека и Република Албанија како и секоја балканска земја се соочува со висок степен на корупција, како и со одлив на населението, но Еди рама има една карактеристика кој го прави различен од другите.
„Тој како прво е ликовен уметник, сликар и е многу креативен. Таа креативност се одразува и во неговиот ПР како несвојствен премиер, или несвојствено за неговата функција и притоа станувајќи атрактивен за помладата публика, за помладите гласачи.
-Кај нас мислам дека главен проблем е немањето на општ политички консензус за евроинтеграциите. Гледајте како Хрватска го изгради тој консензус пред да стане членка во 2013. година. Значи имаше општ консензус, немаше дебата за закони, за нивна имплементација, за испорачување на резултати од тие имплементации на закони коишто се бараа од страна на Европската Унија. . Црна Гора исто – има општ политички консензус за евроинтеграцијата. Албанија – вие често може да гледате тепачки во парламентот, можевте да видите како пред 3-4 месеци буквално гореше албанскиот Парламент, опозицијата пред камери подметна пожар, значи толку е поларизирана таму политичката ситуација, но има консензус за евроинтегративните процеси. Значи албанската опозиција предводена од ветеранот Сали Бериша никогаш не ги злоупотреби компромисите на Еди Рама со Грција за Јонското море. Кај нас напротив, политичките партии беа фокусирани само на тоа како да наштетат на опонентот и како да придобиваат политички поени и поддршка од гласачите со теми кои се очекуваше да изградиме консензус. Значи кај нас нема консензус“, вели Незири.
Тој смета дека е тешко да се придвижат работите напред во една ситуација кога тие уставни измени станаа прва тема или најголема болка на поголем број на граѓани.
„Кога вие ја приоретизирање таа тема пред избори, ја правите главна тема тогаш е тешко после избори да ретерирате и да гласате спротивно од тоа што сте ветиле. Мислам дека таму беше грешката и сега е тешко да се натера владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да ретерира во тие цврсти ставови што ги изгради против Францускиот предлог, против уставните измени, против вметнување на Бугарите во Уставот.
Целиот разговор погледнете го во видеото.